Сеуште сме под импресии од вчерашниот вебинар кој беше повеќе од одличен. На истиот присуствуваа повеќе од 101 здравствен работник. Интересните теми како неонаталниот скрининг за СМА, исхраната кај СМА пациентите, како и резултатите од последователните функционални мерења придонесоа за квалитетот на овој стручен вебинар. Мило ни е што полека, но сигурно исполнуваме една важна точка од нашата мисија, а тоа е квалитетна едукација на здравствениот персонал во однос на невромускулните болести и невронауката.