Национална Алијанса за Невромускулни заболувања и Невронаука ГАНГЛИОН Скопје е формирана октомври 2019 година. Визијата на ГАНГЛИОН Скопје е првенствено насочена кон пациентите со невромускулни болести. Главните столбови на кои се темели дејноста на оваa алијанса се: психолошката помош и подршка на пациентите и медицински истражувања во соработка со наши, како и со меѓународни истражувачи / здруженија / институти. Мисијата на Национална Алијанса за Невромускулни заболувања и Невронаука ГАНГЛИОН Скопје е подобрување на квалитетот на животот на пациентите со невромускулни болести. Стратешки цели на Националната Алијанса се: подршка и инфромации за пациентите / индивидиуте заинтересирани зa невромускулните болести; промоција на нови лекови и нови дијагностички процедури; истражувања базирани на релевантни податоции и информации; подршка и промоција на вистинската наука; создавање на база на податоци за пациентите со невромускулни болести; организација на семинари / вебинари/ конференции / работилници / конгреси за едукација на пациентите; едукација на здравствениот персонал во земјава и во странство. Здружението се залага за следниве невромускулни болести: наследни миопатии (дистрофии, миотонии и др.); стекнати миопатии (полимиозитис и др.); наследни неуропатии (HSMN и др.); стекнати неуропатии (Poliradiculoneuritis ac, дијабеточни, каренцијални и др.); болести на невромускулна плоча (Мијастенија гравис); мotor neuron disease (ALS, SMA и др.)